Оскаровецот Леонардо ди Каприо, сака да ја продаде својата вила во Малибу, која ја купи уште во 1998 година откако го сними „Титаник“. Тој вилата ја купи за само 1,6 милиони долари, а сега сака да ја продаде за десет пати повеќе.
Се работи за вила со поглед на океанот, изградена во 1950 година, а подоцна повторно обновена. Има површина од 1715 квадратни метри и се наоѓа на плажата царбон во Малибу. Местото е познати и како плажата на милијардерите.
За потсетување, глумецот ова лето купи четирисобна куќа во Лос Фелиз за 7,1 милиони долари.