Повеќедеценискиот конфелит меѓу Израелците и Палестинците, повторно ескалираше со протестите во Ерусалим, а потоа и гранитирањето на градот Тел Авив, од страна на исламското движење Хамас.
Многуте жртви во војната, ги натера лекарите и медицинскиот персонал од болницата Рамбам во Хаифи, заеднички да испратат порака за единство и солидарност. Лекари меѓу кои имаше и Арапи и Евреи, побараа да се врати мирот и да се прекине со војната.
„Да им се вратиме на мирните преговори и да се откажеме од екстремизмот“, порачаа тие.
Додека Евреите и Арапите се конфронтираат меѓусебе, а најмногу во во оваа, како и во сите други војни, со животи плаќаат недолжни цивили и деца. Ужасните сцени од разрушените објекти, гранитирањето и рушевините, беа заменети со уште поболни сцени од мртви и ранети деца.
Во конфликтите од понеделникот настрадаа околу 70 лица, вклучувајќи и деца кои не знаат што навистина се случува.