Македонската натпреварувачка Мими Јовановска од Велес во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ до сега неколку пати со својот настап го освои жирито . Дека е успешна во она што го прави доказ се нејзините настапи, како и пофалните зборови на членовите од жирито. Таа неодамна прозборе и за љубовниот живот, па откри дека е во врска со Филип Нуне.
Тие се заедно повеќ од три години, а она што е посебно интересно е дека таа и пред учеството во шоуто се занимаваше со музика, односно таа свири во Бендот на браќа Нуне. Тој ја подржува во она што го работи, а Мими вели дека во него ја нашла љубовта.