Моника Белучи и Тим Бартон се во љубов. Ова е пар за кој никој не очекуваше дека ќе бидат заедно. Тим Бартон е култен режисер, познат по малку мрачната иконографија и извртената смисла за хумор, а таа со децении е една од најпосакуваните актерки, симбол на женственоста.
Според објавите од Paris Match, кои објавија нивна фотографија на која рака под рака се шетаат низ Париз има текст кој вели : Ова е судбина. Нивната врска почна во најголема тајност.
Тие првпат се сретнале во Кан уште во 2006 година, но флертот почна лани во октомври на филмскиот фестивал Лумиер во Лион. И двајцата имаа бурни љубовни приказни – Моника Белучи беше во брак со Винсент Касел четиринаесет години, а Тим Бартон имаше долга врска со Хелена Бонам Картер. И двајцата се во добри односи со бившите. Моника секогаш добро зборува за таткото на своите ќерки. Тим пак има две деца со поранешната сопруга Хелен Бонам Картер.