(Фото) На Златко Јовановски му се исполни желбата да ја облече Карлеуша во негова креација

(Фото) На Златко Јовановски му се исполни желбата да ја облече Карлеуша во негова креација

пред 3 години

Српската пејачка Јелена Карлеуша носеше креација од модниот дизајнер Златко Јовановски за снимањето на новогодишна емисија. Златко, во јавноста познат како ЈЗЈ, се пофали дека конечно му се исполни сонот Карлеуша да облече негов дизајн.

Тој не крие дека таа му е една од омилените пејачки, па и лани во интервју за Репортер кажа дека најмногу би сакал да креира за неа.

„Драги пријатели, да ви се пофалам дека Јелена косеше моја креација. Што да ви кажам, верувајте во себе и во она што го правите, дека само тоа е вистинскиот пат до успехот“, рече тој и објави слика од креацијата. Златко откри и дека таа е специјално изработена за пејачката.

За потсетување, Јелена лани се воодушеви од златниот фустан што го креираше Златко, а Марија Груевска го носеше во Ѕвездите на Гранд. Таа тогаш објави неколку видеа од креацијата и јавно го пофали со коментар дека и во Гранд конечно има висока мода.

Брзо потоа ЈЗЈ ја облече пејачката Вики Миљковиќ аа финалето на Гранд, а и Цеца носеше негов дизајн на концерт. Тој за неа дизајнираше уникатни панталони со корсет, изработени од мониста, срма и рачно везени апликации.

Покрај регионалните ѕвезди, тој ја облече и Ава Макс, која носеше негова креација за насловната на списанието „Хер ворлд“, а неговите дизајни се појавија во „Космополитан“ и „Гламур“.

Share
Scroll to Top