(Фото) Оскаровката Гвинет Палтроу за 50 роденден позираше гола, целата намачкана со златна боја

(Фото) Оскаровката Гвинет Палтроу за 50 роденден позираше гола, целата намачкана со златна боја

пред 2 години

Глумицата Гвинет Палтроу за 50 роденден позираше гола, намачкана со златна пудра за тело. Инспирацијата да се слика топлес ја добила од филмот „Голдфингер“.

„Сè што знам е дека ме фарбаат во златна боја и морам да бидам гола. Се чувствувам добро на 50 години, а со ова сакам да го изразам тоа чувство на енергија и оптимизам кои ги имам во себе“, рече Палтроу за снимањето за својот бренд Goop.

Ја сликаше фотографот Ендру Ји, додека познатата шминкерка Лоти имаше задача да ја претвори во златна божица.

„Мислам дека стареењето е убава работа. Само треба да ги отвориме нашите перцепции. Како станувате она што сте, во интегритетот, вашиот живот се отвора“, додаде таа.

Во пресрет на роденденот, Гвинет на социјалните мрежи ги сподели и своите размислувања за новиот период во животот.

„Моето тело е мапа на докази за сите денови. Збирка знаци и неправилности кои се претставени во поглавја. Лузните од изгореници од рерната, одамна скршениот прст од прозорот, раѓањето на дете. Сребрената коса и фините брчки. Сонцето секаде остави небесни отпечатоци“, рече Гвинет.

Таа додаде дека ги прифатила сите траги, опуштената кожа и брчките.

„Го прифаќам моето тело и ја отфрлам потребата да бидат совршена, да изгледам перфектно, да и пркосам на гравитацијата, логиката, на човечноста. Ја прифаќам мојата човечност“, рече Гвинет.

Share
Scroll to Top