Поп пејачката Антониа Гиговска влезе во последните недели од бременоста ѝ се пожали на промените кои ѝ се случуваат на телото. Објави фотографии од рацете кои ѝ отекле.
„Кога сме кај отоците ја имате победничката“, објави таа.
Но и покрај проблемите, Гиговска рече дека е возбудена за бебето кое треба да се роди.
„Малечко мое. Се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што не чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од се. Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал“, додаде пејачката.