Пејачката Сани Гроздановска ја покажа новата тетоважа. Таа истетовира голем виолински клуч со ружи на грбот, петолиние и ноти. Меѓу нив напишала „Љубов“ и „Независност“.
Поради пандемијата на Ковид-19, Сани сега има помалку свирки. Таа лани за „Репортер“ изјави дека едвај чека да заврши пандемијата и да почне да пее и да се дружи со пријателите.
„Не се плашам веќе од короната, но секако дека ќе бидам внимателна оти вирусот сè уште е тука“, ни рече тогаш Сани.