Ѕвездата од „Игра на тронови“ Лена Хеди доживеа незгода по која ќе мора да паузира со снимањето шест недели. Глумицата објави дека ја повредила десната нога која сега ѝ е во гипс.
Хеди се движи со помош на патерици, а дека е фрустрирана покажа на „Инстаграм“, каде напиша дека ќе мора да чека ѝ да се опоравува шест недели.
Фановите се пошегуваа па ѝ коментираа дека најдобро периодот би го искористила да ги изгледа сите осум сезони од „Игра на тронови“.