(Фото) Синот на Игор Ангелов стана полнолетен, сега бил за 18+

(Фото) Синот на Игор Ангелов стана полнолетен, сега бил за 18+

пред 4 години

Јаков, постариот син на актерот Игор Ангелов, стана полнолетен. Популарниот Коста Бузалевски од „Преспав“, роденденот му го честита со заедничка фотка и порака дека Јаков сега е 18+. Сликата со синот ги изненади фановите на глумецот, оти тој ретко објавува семејни слики и не сака да зборува за приватниот живот.

Но, неодамна во интервју за „Репортер“, Игор раскажа интересни приказни за тоа како се запознал со сопругата на час по математика, а потоа се заљубиле, ни откри дека има свое лозје во куќата во Бардовци и таму секоја година прави свое вино, а одгледува и органска храна.

Share
Scroll to Top