(Фото) Со голи гради Валери од „Гранд“ ја најави новата песна

(Фото) Со голи гради Валери од „Гранд“ ја најави новата песна

пред 2 години

Пејачката Валери Димовска објави фотки со голи гради и тексас јакна за да ја најави новата песна „Хероји“. Валери, која се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, ќе настапи на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови на 28 јуни. Песната „Хероји“ ја направија Дарко Димитров и Владе Даниловиќ. Во жирито на годинашниот фестивал ќе биде Елена Ристеска.

dobivaj vesti na viber

„Годинава ми се случуваа доста работи и убави и не убави, но сè се случува со причина. Сепак ова го чекав од многу одамна, заедно со Дарко Димитров и Владе Даниловиќ, кој беше задолжен за текстот, работевме многу на овој проект, и најголемото изненадување е дека ќе настапувам на Сунчане скале со оваа песна на 28 јуни во Херцег Нови“, откри пејачката.

Таа пред неполни два месеца ја промовираше песната „Сега кога знам“, а претходно пееше во „Гранд“. Таа беше дисквалификувана од натпреварувањето бидејќи не можела да се појави на снимањето поради ковид, но најави и дека можеби во иднина пак би се пријавила на ова музичко натпреварување.

Share
Scroll to Top