Пејачката Тијана Дапчевиќ вчера го прослави својот 46. роденден. Нејзината сестра Тамара Тодевска сподели емотивна објава на својот Инстаграм профил, а роденденот и го честита со фотографија од детството.
„Ти да не беше немаше да ме има ни мене. Мој прв идол и пример. Моја најдобра другарка и најголема поддршка. Те сакам сестро. Бескрајно. Среќен роденден. Да победиш на Беовизија да идеме пак на Евровизија. Биди здрава, среќна, сакана и успешна“, напиша таа.
За потсетување, Тијана вторпат ќе се натпреварува на Беовизија, српскиот Избор на песна за Евровизија. Таа ќе ја пее песната „Љуби, љуби довека“, што за неа ја направи Леонтина Вукомановиќ. Таа претходно се на Беовизија. Таа во 2006 година настапи со песната „Грех“. Додека, пак, во 2014 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Копенхаген со песната To The Sky, но успеа да влезе во финале.
Тијана пак ќе пее на Беовизија, македонската пејачка во трката да ја претставува Србија на Евросонг