(Фото) Џејсон Момоа се ослободи од долгата коса во знак на протест против загадувањето

(Фото) Џејсон Момоа се ослободи од долгата коса во знак на протест против загадувањето

пред 2 години

Глумецот Џејсон Момоа сакајќи повторно да испрати јасна порака за зачувување на околината и пред сè океаните го промени имиџот и ја ишиша долгата коса.

Момоа кој беше познат по долгите прамени, видеото го сподели со фановите и рече дека е згрозен од огромното количество отпад во океаните и штетата кое истото ја предизвикува.

„Еве за нови почетоци. Шириме алоха. Бидете подобри и заштитете ја нашата Земја и океани. Мораме да се ослободиме од пластиката за еднократна употреба од нашите животи и морињата, пластичните шишиња, пластичните вреќи, амбалажите, ѓубрето, сето тоа“, рече Момоа.

Ги покажа поранешните локни и објасни зошто ја скратил косата речиси на нула. На задниот дел од главата му остана само една тенка плетенка.

– Ја ишишав косата заради поради пластиката за еднократна употреба. Уморен сум од овие пластични шишиња, мора да престанеме. Пластичните шишиња се ужасни. Сега сите се занимаваат со алуминиум, што е фантастично, па алоха“, рече Момоа, кој  доби само пофалби. 

„Ти благодариме за сè што правиш за планетата. Никогаш не сме користеле пластично шише со вода и никогаш нема да користиме. Кога ќе го видам целиот отпад во океаните, ми се крши срцето. Толку многу морски животи се погодени и умираат бавно и мачно поради пластиката. Ајде да направиме свет без пластика“, му напишаа тие.

 

За потсетување, глумецот во 2019 година исто така во знак на протест ја избричи брадата. Момоа објави кратко видео од сетот на неговиот тогаш нов филм Dune, во кое со бричењето симболично се прости од двете улоги кои му ја обележаа кариерата. Кал Дрого од серијата „Игра на престолот“ и прочуениот „Аквамен“.

 

Share
Scroll to Top