Селекторот на Холандија, Франк Де Бур, во пресрет на Европското првенство 2020 година кое ќе се игра оваа година, изјавил дека неговата репрезентација ќе освои осминафинале, уште по првите два натпревари и дека Македонија ќе ја победи со резултат 3:0.
Македонија и Холандија се во истата Ц група, заедно со Украина и Австрија. Де Бур вчера го објави списокот со фудбалери за ЕП и најави три победи во оваа група.
„Осмина-финале ќе обезбедиме по првите два натпревари. Ќе ја победиме Украина со 3:1 и Австрија со 2:1“, рече Де Бур и дополни дека за неговата репрезентација најдобро ќе биде да го освои второто или третото место во групата.
„Ние ќе ја победиме Македонија со 3:0. Можеби би требале да загубиме, затоа што во втората фаза не чека противник од „групата на смртта“ (Португалија, Франција, Германија). Можеби полесен противник да добиете доколку сте трети во групата. Мое мислење е дека идеално би било да завршиме на второто место“.
Холандија, во Амстердам, ќе ја пречека Македонија на 21 јуни.