Валентина Петренко е руска политичарка чија фризура стана хит на социјалните мрежи. Необичната автентична фризура на политичарката со години ги опседнува социјалните мрежи, кога и да се појави во јавноста.
На социјалната мрежа се појави твит кој беше инспириран од руската политичарка. Нејзината фризура ја споредуваат со онаа на Марч Симпсон, а некои коментираат и дека фризурата на Валентина потсетува на мртво животно.
I’ve been enjoying this Russian politician’s hair this afternoon. pic.twitter.com/WBO3NybaAw
— Jimmy Pop (@jimmypop) October 12, 2022
Во една прилика и самата политичарка ги демантирала гласините дека носи перика и истакнала дека нејзината коса е природно виткана, па затоа и тешко се обликува. Таа не му дозволувала фризерот поинаку да ја обликува нејзината коса, туку тоа го правела сама, но не открила колку време и е потребно за тоа.
Валентина Петренко е родена во Казахстан, има 67 години, од 2001 година работи како сенатор за Каказија. Дипломирала на Ростовскиот државен педагошки институт, докторирала и е член на Комитетот за социјална политика. Зборува руски, полски, англиски и шпански. Таа е мажена и има едно дете.