Честопати бараме помош од фризерите кога сме во потрага по совршената фризура што им одговара на нашето лице и на карактерот.
Но, кога зборуваме за стилизирањето на косата, често знаеме да направиме поделба на популарните фризури според годините на кои им прилегаат. Сепак, исто како и кај едноставните и разновидни класици во модниот свет, така и овде постојат фризури што им одговараат на сите дами, без оглед на нивната возраст.
Помеѓу класичните и трендовските, елегантните и секојдневните, постојат фризури што им пркосат на годините и се совршени за секого. Иако носат доза елеганција, во исто време носат и младешки дух во себе.
Во продолжение ви носиме четири фризури што секогаш се одличен избор, без оглед на стилот, пригодата и возраста.
1. Фенирана коса
2. Холивудски бранови
3. Измазнето репче
4. Разделена коса на страна