Фудбалер на Бешикташ сака да посвои девојче, кое остана сираче по земјотресот

Фудбалер на Бешикташ сака да посвои девојче, кое остана сираче по земјотресот

пред 2 години

Фудбалерот на Бешикташ Јозеф де Соуза со сопругата сакаат да посвојат девојче кое го загуби семејството во земјотресот кој се случи на 6 февруари во Турција. За време на посетата во областа Кахраманмарас видел деца во болница кои биле извлечени од урнатинтие.

Кога дознал за едно од нив дека го изгубило целото семејство, со сопругата решиле да ја посвојат.

„Разговарав и се одлучивме да ја посвоиме“, рече Соуза и додаде дека нема да можат да ја посвојат се додека и официјално службите не потврдат дека родителите не и се живи.

Рече и дека има желба да изгради сироптиталиште во Истанбул за сите деца кои ги изгубија најблиските во земјотресот. За потсетување, во земјотресот кој неодамна ги погоди Тутција и Сирија, загинаа 36.000 луѓе.

 

 

Share
Scroll to Top