Хигиеничарка заработила илјадници евра откако на посетители им наплаќала за бесплатен тоалет на фестивал во Штутгард

Хигиеничарка заработила илјадници евра откако на посетители им наплаќала за бесплатен тоалет на фестивал во Штутгард

пред 1 година






Хигиеничарка во Штутгарт заработила неколку илјади евра со тоа што наплаќала за бесплатен тоалет на фестивал.

Германската полиција ја истражува хигиеничарка која незаконски им наплаќала на посетителите да го користат бесплатниот тоалет на фестивалот Канстатер во Штутгарт. Хигиеничарката е уапсена и осомничена дека незаконски се збогатила. Таа била уапсена од полиција во цивилна облека, пишува порталот Штутгартер- Накриштен.

Полициската управа во Штутгарт на социјалната мрежа Икс го објави случајот. Објавиле и фотографија од заработката на хигиеничарката.

„Хигиеничарката ги терала луѓето да плаќаат за користење на бесплатниот тоалет и со тоа заработила неколку илјади евра. Ова е недозволиво. Жената е уапсена и водиме истрага“, соопштија од полицијата.






Share
Scroll to Top