По теркот на култната серија „Како ја запознав мајка ти“, наскоро ќе почне снимањето на серијата „Како го запознав татко ти“. Главната улога ќе ја игра Хилари Даф, која ќе биде и продуцент на серијата. Таа снимањето на новата серија го најави преку Инстаграм и откри дека првата сезона ќе има 10 епизоди.
Приказната ќе биде речиси иста: Дејството е сместено во блиската иднина, а Софи (Даф) ќе му раскажува на својот син како го запознала неговиот татко во 2021 година, опкружена со својата група пријатели.
Креатори на серијата ќе бидат Ајзек Аптејкер и Елизабет Бергер, кои работат на серијата „Ова сме ние“, а продуценти, освен Хилари, ќе бидат и креаторите на „Како ја запознав мајка ти“, Картер Бејс и Крег Томас.