Хималите се полни со опасности кои никој не ги контролира, топењето на мразот може да предизвика низа на катастрофи

Хималите се полни со опасности кои никој не ги контролира, топењето на мразот може да предизвика низа на катастрофи

пред 3 години

Повлекување на мразот на Хималаите не претставува опасност само затоа што на тој начин се полнат тамошните езера, туку може да резултира и да предизвика опасност која не може да се контролира, предупредуваат научниците.

Неодамнешната катастрофа, која избила поради ненадејниот и брз порој во индиската држава Утараканда, е последниот пример за една таква опасност.

Хималаите имаат најголем број на ледови на Земјата, ако не се земат во предвид Јужниот и Северен пол. Изгубивме милијарди тони лед, поради забрзаното топење, кое е предизвикано од глобалното затоплување, пишува „Би-би-си“.

„Едноставно, не постои сеопфатно разбирање за тоа што всушност се случува кога е во прашање ваквата закана“, вели американскиот професор Џефри Каргел, висок геолог, кој истражувал низа на катастрофи на Хималаите и во моментов ја проучува катастрофата во Утараканда.

„Ние реагираме само тогаш кога ќе се случат несреќи како оваа. Не го надгледуваме мразот со таков заканувачки потенцијал, всушност повеќето од нив не ги надгледуваме“, додал Каргел.

Експертите велат дека дел од мразот може да биде многу опасен. Потчоно, во некои случаи, преостанатиот мраз, може опасно да виси на некои стрмни планински падини, а потоа да се сруши во секој момент.

Можно е истраените мразови, или оние кои се повлечени, да го дестабилизираат тлото под и околу себе, кое во вообичаени околности претставува потпора. Затоа таквите подрачја можат да станат склони на лизгање, одрони на карпи, камења или мраз, а можат да се срушат и цели планински падини.

Научниците предупредуваат деак таквите настани можат да ги блокираат реките и потоците, кои изливаат од своите корита и носат сè што ќе им се најде на патот, исто како што тоа неодамна се случи во Индија.

Сепак, велат и дека не знаат каде точно се кријат таквите опасности и кои населби и инфраструктура се потенцијално загрозни. Поради замрсениот релјеф на Хималаите, таквото следење се одвива многу тешко.

„На Хималаите и во регионот Хиндукуш, има повеќе од 50.000 мразови, а само 30 внимателно се следени, вклучувајќи ги и теренските студии“, вели Мухамед Фарук Азам, глациолог од Индискиот технолошки институт „Индора“. Тој додава дека за тоа досега се објавени само 15 студии.

Азам предупредува дека глечерите мораат да се следат, затоа што во игра се многу фактори.

Научниците тврдат дека Хималаите растат како нјамлад планински масив на светот, а потресите често ги дестабилизираат падините. Промената на моделот на снег и дождовните падавини, поради климатските промени, планините ги прават уште поранливи, а промените предизвикани од глобалното затоплување, влијаат на тоа ситуацијата да може дополнително да се влоши.

Глечерот на планината Ара на Тибет, изненадувачки се сруши во 2016 година, покренувајќи огромна лавина која усмртила девет луѓе и стотина грла стока. На истата планина, неочекувано само неколку месеци подоцна, се срушил и друг глечер.

Во лавината на мраз и камења од глечерот Сијачен во Кашмир, во 2012 година, беа усмртени скоро 140 лица, претежно пакистански војници. Причината за несреќата сè уште не е позната.

Неодамнешното истражување на високите азиски планини, вклучително и на западните Хималаи, источниот дел од Памир, Каракорум и јужниот дел од планинскиот ланец Хиндукуп, ја поврза бројката на големи клизалишта и нивната зголемена зачестеност во периодот меѓу 1999 и 2018 година со повлекување на мразот.

Научниците од Кинеската академија на науки, кои истражувањето го направиле со помош на сателитски снимки од Геологшкиот завод на САД, идентификувале 127 такви клизишта, во периодот меѓу 2009 и 2018 година.

Тоа упатува на поголем тренд на големи клизишта во изминатата деценија.

Од досегашниот ограничен број на студии во хималаиските глечери, повеќето се занимаваат со нивното забрзано топење и прашањето дали таквиот процес опасно ќе ги исполни езерата, поради што би можело да настане нивно изливање.

Некои студии следеле што би можело да настане со реките во регионот, кои се напојуваат од мразот, доколку истите брзо се повлечат со порастот на температурите.

Но, критичарите на ваквите истражувања, велат дека езерата привлекуваат големо внимание, додека останатите закани поврзани со забрзаното топење, едноставно се занемаруваат.

„На таквиот проблем му се дава малку внимание“, смета Самер Рапер, професорка по географија од Универзитетот во Јута, која ги проучува промените на хималаиските мразови со помош на сателитски снимки.

„Можеби му се дава помало внимание, затоа што катастрофите како лавините се ретки, а опасностите поврзани со глечерите се спорадични“, додала Рапер.

Експертите од Меѓународниот центар за интегриран планински развој, кои веќе низ годините работат на хималајското подрачје, велат дека поплавите кои се поврзани со глацијалните езера, предизвикале бројни проблеми во регионот.

Извор/Курир.рс

 

Share
Scroll to Top