Хороскоп за 13 јануари: Близнаците во искушение заради партнерот, Лавот треба да е внимателен

Хороскоп за 13 јануари: Близнаците во искушение заради партнерот, Лавот треба да е внимателен

пред 3 години

ОВЕН
Пронајдете рамнотежа помеѓу деловниот и семејниот живот. Зборувате премногу за тоа што треба да остане доверливо помеѓу најблиските, а тоа може да биде сигнал дека ве вознемирува некаква совест. Размислете за тоа пред околината да започне да ве избегнува.

БИК
Ве очекуваат пријатни деловни разговори. Иако скришум правивте некои потези, вашата напорна работа и посветеност на работното место не поминаа незабележани. Од друга страна, мало напрегање во врската со саканата личност е привремено, па затоа се препорачува воопшто да не обрнувате внимание на тоа.

БЛИЗНАЦИ
Вашиот партнер ве провоцира и искушува, па затоа, надвор од влијанието, излегува нешто за што сте сакале да молчите. Сè може да кулминира со одлука од која се плашите. Вие сте во незавидна позиција, не сакате да одите понатаму, но не би сакале ниту да раскинете.

РАК
Во брзање сте затоа не е добро време за какви било конечни одлуки, особено ако се однесуваат на семејни, брачни или љубовни врски. Покрај тоа, пазете се од измамници, особено ако имате било каква работа со купување и продавање на недвижен имот.

ЛАВ
Уморни сте од чекање. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги решите сите заплеткувања и сомнежи кои ве мачат веќе некое време. Не бидете нетрпеливи и избрзани, бидејќи грешките што би можеле да ги направите денес во иднина, ќе бидат непоправливи.

ДЕВИЦА
Вашето расположение е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечете и да поминете часови во осаменост. Вистинската причина за сето ова е хронична несоница, па неуредниот ритам на животот се исплатеше. Направете пауза.

 

ВАГА
Одредени неочекувани случувања ќе нарушат некои планови да се дружите со пријатели или сакана личност. Луѓето со кои сте се договориле нема да бидат задоволни. Нема да бидете баш среќни, но треба да се направи она што треба да се направи. Одложете ги плановите и вистинските пријатели секогаш ќе ви простат.

ШКОРПИЈА
Бегате од реалноста со уживањето во мечтаењето. Вие погрешно ја толкувате љубезноста на личноста која ви испраќа сигнал дека ве почитува со своето добронамерно однесување а вие верувате дека тука има нешто повеќе од тоа. Не се занесувајте.

СТРЕЛЕЦ
Потребна ви е промена, но немате идеја како да ја спроведете ами, а суетата не ви дозволува да му ја препуштите на вашиот партнер. Прифатете ја поканата и препуштете се на слатка пауза. Негативното расположение ќе стивне и ситуацијата ќе се смири.

ЈАРЕЦ
Вашиот став кон обврските не е на највисоко ниво. Соработниците ве покриваат, но тоа нема да трае вечно. Променете го вашиот став, завршете ја работата поодговорно и без непотребни разговори за да не ви предизвикуваат штета негативните последици.

ВОДОЛИЈА
Опкружени сте со луѓе кои ви аплаудираат. Поради пристојната финансиска состојба, вие сте во можност да ги анимирате. Поради сопствената еуфорија, ја губите од вид реалноста дека има мала шанса да имате вистински пријатели меѓу нив.

РИБИ
Што и да започнете, ќе заврши во хаос. Најдобро е за вас да ги избегнете сите ситуации во кои би го кажале главниот збор. Ако сте активен учесник во сообраќајот, не одете никаде се додека не ја проверите исправноста на автомобилот.

Share
Scroll to Top