Хороскоп за 16 јули: Ракот ќе ужива во љубовта, девиците ќе заведуваат

Хороскоп за 16 јули: Ракот ќе ужива во љубовта, девиците ќе заведуваат

пред 2 години

Овен 21.3-20.4.

Љубов: Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став.

Кариера: Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење.

Здравје и совет: Издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов: Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение.

Кариера: Незадоволните од работата, ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро.

Здравје и совет: Работете го она што го сакате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов: Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси, ќе се појават и фрустрации.

Кариера: Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно.

Здравје и совет: Ви треба кус одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов: Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот, што ќе го помнинете со кого вие сакате.

Кариера: Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример, а вие ќе бидете поотворени од вообичаено.

Здравје и совет: Уривате рекорди.

Лав 23.7-22.8.

Љубов: Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина.

Кариера: Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи.

Здравје и совет: Не мора да се брзате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов: Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен.

Кариера: Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите.

Здравје и совет: Ќе имате пријатни сништа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов: Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе.

Кариера: Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.

Здравје и совет: Немојте да си го расипете карактерот.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов: Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена.

Кариера: Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте.

Здравје и совет: Не знаете до каде може да стигнете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов: Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи.

Кариера: Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола.

Здравје и совет: Ќе бидете фокусирани на други.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов: Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати.

Кариера: Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите.

Здравје и совет: Некои имаат духовни искуства.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов: Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил.

Кариера: Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови.

Здравје и совет: Помирете се со реалноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов: Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет.

Кариера: Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.

Здравје и совет: Имате право кога ја негувате натуралноста.

Share
Scroll to Top