Хороскоп за 2 декември: Бикот е амбициозен, Девицата ќе открие љубовна тајна

Хороскоп за 2 декември: Бикот е амбициозен, Девицата ќе открие љубовна тајна

пред 3 години

ОВЕН
Месечинта ви најавува дека сега ја имате потребната сила да успеете да се справите со сите дневни задачи и непријатности. Внимателни сте, а тоа ќе ви помогне да ги надминете тешкотиите и да ги смирите конфликтите. Ќе успеете да ги убедите сите околу вас да се согласат со вашите идеи и ќе напредувате заедно.

БИК
Немојте да бидете срамежливи за вашите амбиции. Постои одредено време кога треба да се мотивирате себеси за да продолжите понатаму и да застаните зад вашите остварувања и да бидете горди на себеси. Вашето време е сега. На професионален план се движите напред.

БЛИЗНАЦИ
Вашите емоции се порамнети со Месечината, а тоа ви овозможува да ги искажувате вашите чувства без нималку непријатност. Отворени сте и зборливи, а тоа ви помага да ги донесете вистинските одлуки, вие сте на правиот пат. Ќе нема да можете да побегнете од некои ветувања што сте ги дале.

РАК
Во вашиот живот пристигнува несигурен период и изгледа дека ќе мора да преземете акција. Вашите идеи не се баш сигурни и добивате некои не баш добри сугестии. Ќе откриете нова улога во себеси и ќе бидете задолжени со задача што нема баш да ви се допадне.

ЛАВ
Месечината ја подобрува вашата самодоверба. Како и да е, ќе се чувствувате малку несигурно на емоционален план, ќе бидете длабоко погодени од настаните и ќе мора да донесете зрели одлуки, ќе добиете почит.

ДЕВИЦА
Во вашиот живот пристигнува крај на периодот во кој сте биле во центарот на сите случувања и непријатности. Ќе им дозволите на другите луѓе да го преземат водството и вие ќе можете конечно да здивнете. Некоја романтична тајна ќе биде откриена набргу, а тоа ќе ви донесе олеснување.

ВАГА
Се приближува специјално време од годината. Тоа не значи дека сè ќе биде лесно, но настаните ќе ви помогнат да се движите напред кон нова фаза во вашиот живот. Обидете се да вложите малку повеќе време во вашите мисли и да поминувате време со себеси, тоа ќе ви помогне да разрешите некои важни проблеми.

ШКОРПИЈА
Фокусот ви е насочен кон вашата кариера и амбициите иако достапните опции главно се нешто што треба да го прифатите, без да се консултирате со другите. Разговор со пријателите и колегите ќе ви помогне да ви се разјаснат некои нешта и проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Месечината стапува во посебна позиција, а тоа ќе ви помогне да бидете во центарот на сè што се случува. Ќе биде добро да оставите некои нешта да течат по свој тек, па потоа да уживате во резултатите. Единствениот проблем е тоа што другите очекуваат од вас да бидете идеални.

ЈАРЕЦ
Финансиската состојба може да излезе од контрола, постојат луѓе што очекуваат од вас да преземете одговорност за некои работи во врска со вашиот бизнис. На љубовен план интензитетот на вашите чувства се зголемува, пристигнува период кога ќе бидете доста задоволни од себеси.

ВОДОЛИЈА
Ќе сфатите дека нешто што сте посакувале и не е толку далеку од вас, не е толку недостижно и можете да го дофатите побргу отколку што мислите. Насочете го вашето внимание на образованието, контактите ќе ви помогнат да напредувате.

РИБИ
Планетите се подредуваат на начин така што ќе морате да донесете големи финансиски одлуки во текот на следните неколку недели. Еднаш кога ќе го направите потребниот избор, ќе бидете принудени да дејствувате без одложување. Вашите најблиски ќе ви бидат полна поддршка.

Share
Scroll to Top