Хоспитализиран актерот Џејми Фокс - Reporter.mk

Хоспитализиран актерот Џејми Фокс – Reporter.mk

пред 1 година






Семејството на  познатиот актер на социјалните мрежи објави дека 55-годишниот Џејми претрпел медицински компликации поради кои е хоспитализиран.

Периодов Фокс во Атланта ја сними акционата комедија „Back in Action“ со Камерон Дијаз.  Семејството соопшти и дека Фокс сега е на лечење, иако не открија од каков здравствен проблем има.

Сепак, ТМЗ  состојбата на Џејми Фокс ја опиша како итен медицински случај,  и додаде дека Фокс сега повторно комуницира.

Сè уште не е познато кога Фокс ќе излезе од болница и ќе се врати на филмскиот сет.





Share
Scroll to Top