Во Битола на 1. септември ќе има голем концерт на кој ќе настапат најпознатите фолк-пејачи од естрадата. Концертот е закажан на ракометното игралиште, публиката ќе може да ужива во најголемите хитови на Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазхaр и Зуица Лазова. Сите овие изведувачи ќе ги пратат музичари од групата „Молика“. И конечно ова е прв голем фолк концерт по речиси две години пауза зарди пандемијата
Сузана Гавазова вели дека едвај чека да запее пред публиката па вели : „Со нетрпение чекам да дојде 1. септември. Секогаш сум возбудена кога сцената ја делам со моите колеги од естрадата. Битолчани ќе уживаат.
И турскиот пејач Каан Мазхар не го криеше задоволството што ќе настапува пред битолската публика. „Ќе биде убава вечер во Битола. Мене ми е чест и задоволство што ќе пеам со најдобрите во нашата земја. Ги поканувам сите кои се во можност да дојдат и да уживаат“, вели тој