Цеца e многу кул и затоа дојде јас да ја облечам, Златко Јовановски ја дизајнираше облеката за фолк ѕвездата

Цеца e многу кул и затоа дојде јас да ја облечам, Златко Јовановски ја дизајнираше облеката за фолк ѕвездата

пред 3 години

Модниот дизајнер Златко Јовановски ја облече фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ за концерт. Тој за пејачката дизајнираше уникатни панталони со корсет, изработени од мониста, срма и рачно везени апликации. Цеца самата побарала од Златко да ѝ дизајнира нешто по негов вкус, а креацијата на која тој работел неколку недели, пејачката ја носеше викендов на концертот со кој ја заврши својата летна турнеја.

„Соработката со Цеца дојде поодамна, кога нејзината стилистка ме контактираше и побара да дизајнирам нешто специјално за неа. Јас ја прашав во кој правец да оди дизајнот, а стилистката ми кажаа дека Цеца ги видела моите креации, дека ѝ се допаѓа сè што правам, па затоа ќе остави на мојата имагинација“, вели Златко.

Првата и единствена проба ја направиле во Белград. Таму со Цеца, која од оваа сезона е нов член на жирито на „Гранд“, ги дефинирале деталите на креацијата.

„Со 70% готова креација отидов кај неа на проба во Белград. Таму разговаравме за украсите и деталите. На пробата владееше многу пријатна атмосфера и имаше одлична соработка. Иако Цеца е огромно име на Балканот, таа е многу кул и бескрајно професионална. По пробата се вратив во Скопје, и откако ја завршивме креацијата во моето ателје, ѝ ја испративме за Белград“, раскажува дизајнерот.

Неговите креации минатата сезона во „Ѕвездите на Гранд“ ги воодушевија Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ. Вики носеше креација од Златко на финалето на музичкото натпреварување. А Јелена неколку пати објави слики и видеа од настапите на Марија Груевска, која на сцената на „Гранд“ беше облечена во креациите на Златко.

Share
Scroll to Top