Познатиот екс-ју бенд „Црвена јабука“ на 20 април (среда) ќе има концерт во клубот „Интермецо“ во Скопје. Настапот на „Црвена јабука“ е дел од нивната турнеја со која одбележуваат јубилеј, 35 години постоење на музичката сцена.
„Чест ни е да ви претставиме уште еден од низата музички настани кои ги подготвивме, легендарниот рок бенд ‘Црвена јабука’. Многу емоции и прекрасна музика со култните уметници кои ќе го разбудат чувството на старите и убави времиња“, велат организаторите.
Билетите за концертот се веќе во продажба, чинат 1000 денари.