Четири Македонки освоија титули за најубави во Бејрут на светскиот избор за топ модели

Четири Македонки освоија титули за најубави во Бејрут на светскиот избор за топ модели

пред 2 години

Четири девојки од Македонија освоија титули на светскиот избор за убавина World Next Top Model 2022, што неодамна се одржа во Бејрут, Либан. Мија Стерјовска, Ана Брзанова, Катарина Јовановска и Ива Пеева, сите членки во Модното студио Црнокрак, се вратија со награди од реномираниот избор на кој учествуваа девојки од цел свет.

dobivaj vesti na viber

„На изборот во Либан учествуваа преку 40 девојки и ова навистина претставува огромен успех за Македонија и Модното студио Црнокрак. Сите сме пресреќни“, рече Светлана Црнокрак, која заедно со сопругот Мики е сопственичка на модното студио.

Црнокрак ја поседува лиценца за Македонија за овој интернационален избор за модели кој секоја година традиционално се одржува во Бејрут.

Share
Scroll to Top