Еден од најголемите научници Стивен Хокинг, на кого од колеџ лекарите му дијагностицираа амиотрофична латерална склероза, додека беше жив предвиде дека човештвото ќе се соочи со четири страшни предизвици во блиска иднина.
Хокинг речиси целиот живот го мина во количка и рече дека во блиска иднина човекот ќе се соочи со нуклеарна војна, создавање на генетски модифицирани вируси, глобално затоплување и развој на вештачката интелигенција која ќе одлучи кои од луѓето се вишок на планетата.
За многумина едно од неговите пророштва веќе се има остварено како што е коронавирусот, за кој голем број теоретичари сметаат дека е вештачки создаден, со цел да се намали човековата популација.
Хокинг дал петто предвидување кое влева мала надеж дека човештвото ќе се вразуми и наместо да се уништува, ќе почне да создава и развива во технолошки алатки со кои ќе може да се патува во вселената и на други планети.
Пријателите за него велеа дека е човек со нескротлив дух. Роден е како здраво дете во семејство на медицински работници, сè додека не му откажаа сите мускули. Иако лекарите се откажале од каква било надеж, Хокинг им докажа дека силниот ум може да направи сè.
Поради тешка пневмонија дишел само низ трагеална цевка и можел да го користи само образот. За потсетување, Хокинг на 14.03.2018 заспа и никогаш не се разбуди.