Бонбоните ќе дадат совршена текстура и секако вкус!
Потребни состојки:
Кора:
- 250 г. мелен кекс
- 100 г. мелени печени лешници
- 2 лажици шеќер во прав
- 125 г. путер
- 150 мл. млеко
Фил:
- 500 г. маскрапоне сирење (може и друго несолено крем сирење)
- 50 г. шеќер во прав
- 1 лажица арома од ванила
- 250 мл. слатка павлака
- 2 кесички кремфикс
Карамел прелив:
- 200 г. карамела лешник бонбони
- 50 мл. слатка павлака
- Парчиња лешник за декорација
Подготовка:
- За кората измешајте ги сите состојки, притиснете ги во калап со пречник 20-24 см. и ставете го фрижидер.
- За филот со мискер кратко изматете го маскрапоне сирењето, шеќерот во прав и ванилата.
- Во друг сад изматете слатка павлака со кремфикс за да биде половично изматено отприлика, па тоа додадете го кај маскрапонето и накрај сè заедно убаво измешајте. Филот истурете го врз кората, потоа вратете ја во фрижидер и преминете на преливот. Тортата вака треба да се лади најмалку 3 часа, но најдобро е да ја оставите преку ноќ.
- За прелив, истопете карамела бонбони, можете и во микробранова, а можете и на шпорет. Откако карамелите целосно ќе се стопат, додадете слатка павлака, оставете да се грее уште неколку секунди, а за тоа време мешајте додека смесата не се соедини. Тој прелив сега мора во потполност да се излади на собна температура (исто и тој е најдобро да се лади преку ноќ), а тек потоа можете да го истурите врз целата тората или врз поединечни парчиња каде карамелата ќе остане течна, а тортата прекрасна и превкусна. Така што, на крајот убаво извадете ја тортата од калапот, можете да ја исечете на парчиња доколку сакате и само да ја прелијте и украсите.