Потребни состојки:
200 грама крем-сирење (несолено)
100 грама мелени бисквити
25 грама шеќер во прав
прелив од бело или темно чоколадо
Начин на подготовка:
Извадете го крем-сирењето од фрижидерот околу половина час пред подготовката за малку да омекне. Измешајте го со шеќерот во прав додека не добиете мазна хомогена смеса. Измешајте го сечканиот бисквит со кремот. Можете да користите разни видови бисквит: од чајни колачи до ситни бисквити што нормално би ги користеле за да подготвите чизкејк. Ставете ја смесата во фрижидер најмалку еден час. Изладената смеса поделете ја на помали топчиња. Ставете ги во замрзнувач половина до еден час.
Растопете бело или темно чоколадо (по вкус) на пареа или микробранова печка, а потоа прелијте ја врз изладените топчиња. Вратете ги топчињата во замрзнувач за да се стегне чоколадото целосно, па ставете ги во кутија и чувајте ги во фрижидер.
По желба врз чоколадото може да ставите сечкани ореви или лешници.