Членовите на „Рибља чорба“, нема да присуствуваат на кремирањето на Миша Алексиќ, пренесуваат српските медиуми. Кремирањето ќе се случи денеска на белградските гробишта Лешче во 12 и 30 часот. Членовите на познатиот состав, во кој свиреше Миша, се огласија на „Фејсбук“.
„Драги пријајтели. Тешко е да се најде некој кој Миша го сакаше повеќе од нас. Не можеме да се помириме дека повеќе го нема. Знаеме дека Миша почина од последица на невидлива болест. Почина непотребно. Знаеме дека не го потцени ова зло. Носеше маска и се чуваше. Правевме планови за иднината за која верувавме дека ја имаме. Злото наречено коронавирус и понатаму е меѓу нас, повеќе од кога било претходно и затоа сметаме дека треба да ве известиме дека членовите на „Рибља чорба“, нема да присуствуваат на кремацијата. Веруваме дека Миша немаше да дозволи да се загрози било кое здравје, било кој живот. Кога ќе помине оваа почест, заедно ќе жалиме по нашиот и ваш Миша на концерт кој ќе го направиме во негова чест. бидете одговорни и здрави. Ве сака вашиот бенд „Рибља чорба“, стои во соопштението на бендот.