Шабан Шаулиќ ќе добие споменик во Шабац

Шабан Шаулиќ ќе добие споменик во Шабац

пред 3 години

Шабан Шаулиќ, кој загина на 17 февруари 2019 година во сообраќајна несреќа во Германија, наскоро ќе добие спомен во родниот град Шабац. Веста за српските медиуми ја потврди неговиот роднина, пејачот Хасан Дудиќ изјави, кој вели дека Шабан треба да добие и улица со негово име во Белград.

„Јас бев меѓу првите што ја поднесов иницијативата тој да добие споменик, а тоа е најмалку што заслужува. Исто така, се залагам да добие и улица во Белград“, вели тој.

Дудиќ додал и дека најтежок момент ќе му биде кога споменикот ќе биде завршен и кога ќе ја здогледа бистата.

„Споменикот ќе живее вечно како и песните и никогаш нема да биде заборавен. Неговите песни уште се пеат со истиот жар. Секогаш кога и да одам во Шабац се’ ме потсетува на него. Таму живеевме, но повеќе бевме во Белград. И тој сакаше да оди таму, како и сите други, го привлекува родното место, но последниве години таму многу работи тргнаа наопаку“ рекол Дудиќ.

 

Share
Scroll to Top