Шест годишната гимнастичарка Олександра ја загуби ногата во ракетен напад: сега повторно вежба со протеза

Шест годишната гимнастичарка Олександра ја загуби ногата во ракетен напад: сега повторно вежба со протеза

пред 2 години

Гимнастичарката Олександра Паскал, ја загубила ногата во минатогодишниот руски ракетен напад врз градот Заток во областа Одеса. Благодарение на добротворните акции на вработените во Одделот за финансии на Градскиот совет на Одеса, Олександра Паскал доби најсовремена бионичка протеза и ќе може да му се врати на секојдневниот живот.

„Олександра моментално е на рехабилитација и се враќа на тренинзите по гимнастика, кои ги практикува од својата тригодишна возраст“, ​​стои во соопштението на Градскиот совет на Одеса.

Нападот во кој беа повредени Олександра и нејзините родители се случи во мај минатата година. На 16 мај 2022 година, воздухопловни сили на Руската Федерација ја нападнаа Одеса. Оштетен бил објектот на туристичката инфраструктура, повредени биле идвајца возрасни лица, а тешко било повредено едно дете.

Шестгодишната Олександра помина повеќе од две недели на интензивна нега. Таа имала отворена скршеница на раката, четири скршени ребра, повреда на главата и повеќе рани од шрапнели. Лекарите морале да и ја ампутираат ногата. Претходно, таа се занимавала со танцување и гимнастика и настапувала на натпревари. Нејзината мајка го изгубила слухот како резултат на гранатирање.

 

Share
Scroll to Top