Холивудскиот глумец Шон Пен го напушти снимањето на „Гаслит“, бидејќи дел од техничкиот персонал што работи на серијата не е вакциниран. Тој рекол дека ќе се врати на сетот само ако сите, од актери до помошни работници, бидат вакцинирани и се понудил бесплатно да ги вакцинира преку својата организација CORE, јавува „О’Крадио“.
Со ова Пен (60) сака да ги охраби луѓето во Холивуд, но и во САД, да се вакцинираат. Оваа одлуката актерот ја донел откако почнаа да се зголемуваат бројките на заразени и да се влошува состојбата со коронавирусот во Лос Анџелес.
Инаку, „Гаслит“ е серија која се занимава со познатата афера на прислушување Вотергејт од ’70те години на 20. век. Главната женска улога ќе ја толкува Џулија Робертс.