Шпанската Ла Лига објави видео со најдобрите одбрани на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Тој петта сезона по ред ќе брани за Рајо Ваљекано од Мадрид, а првите луѓе на шпанскиот фудбал го опишаа како „Човекот ѕид“, оти ретко прима голови, а лани беше избран и за еден од најдобрите голмани во лигата.
?⚡️? @Dimitrievski1 X @RayoVallecano ?⚡️?#LaLigaSantander pic.twitter.com/UIQwuvPDv0
— LaLiga English (@LaLigaEN) August 3, 2022
Сезоната во Шпанија почнува на 12 август, а Рајо својот прв натпревар во новата сезона на Ла Лига ќе го има на „Камп Ноу“ на 13 август против Барселона.