Ѓоковиќ си замина од Австралија

Ѓоковиќ си замина од Австралија

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ си замина од Австралија. Toj си замина денеска откако Федералниот суд ја отфрли неговата жалба на одлуката на австралиската влада да му ја поништи визата.

Тенисерот не ги убеди судиите да спречат негова депортација и да му дозволат да игра на Австрлаија Опен иако не беше вакциниран против ковид. Ѓоковиќ рече дека е разочаран од одлуката, но дека нема да се жали.

Тој ја напуштил земјата од аеродромот во Мелбурн со авион на „Емирејтс“ и заминал за Дубаи. Поради депортацијата, тој во наредните 3 години ќе има забрана за влез во Австралија.

За потсетување, Ѓоковиќ има освоено рекордни 9 титули на Австралијан опен, но овојпат нема да има шанса да ја брани титулата.

Share
Scroll to Top