Ѕвездата на „Пријатели“ која го играше Гантер почина од рак на 59 години

пред 3 години

Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, кој го играше ликот на Гантер во хит-серијата „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст. Тој се бореше со рак на простата од 2018 година и почина во својот дом во Лос Анџелес во неделата, потврди неговиот менаџер за светските медииуми.

„Светот го познаваше како Гантер (седмиот„ Пријател “), од хит серијата „Пријатели“, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, се залагаше за подигање на свестта за ракот и прекрасен сопруг. Тој сакаше музика во живо, навиваше за неговите Клемон Тајгерс и често се впушташе во забавни и непланирани авантури. Беше пријател за цел живот“, стои во објавата на неговото семејство.

Тајлер помина 10 години во улогата на Гантер, саракастичниот менаџер на кафулето „Централ Парк“ во „Пријатели“, поточно во 150 епизоди. Покрај оваа серија,тој се појави и во „Тинејџерската вештерка Сабрина“, „Скрабс“, „Епизоди“ и „Модерна музика“, како и многу други.

Актерот ја чуваше во тајност својата дијагноза од јавноста околу три години, а потоа откри дека има метастазиран рак на простата.

„Ми беше дијагностициран напреднат рак на простата, кој се прошири и на моите коски“, рече Тајлер во јуниското интервју за „Тудеј“.

„Со таа дијагноза се занимавам речиси три години. Ракот е во доцната четврта фаза. Така што, најпосле, веројатно ќе ме добие“, додаде тогаш тој.

По неговата првична дијагноза, која беше откриена за време на годишен преглед, Тајлер рече дека му била дадена хормонска терапија, која „работела неверојатно околу една година“, но дека ракот се проширил на почетокот на пандемијата на коронавирусот. Тој, исто така, апелираше до мажите редовно да ја проверуваат простатата. 

„Има и други опции на располагање за мажите ако го фатат на време. Следниот пат кога ќе одите само за основен испит или годишен преглед, прашајте го вашиот лекар за ПСА тест. Многу е лесно да забележи“, советуваше тој.

Тој се појави и во специјалната епизода на „Пријатели: Повторно заедно“, преку Зум.

Share
Scroll to Top