Ѕвездата на „Чувари на плажата“ забележан во тешка состојба

Ѕвездата на „Чувари на плажата“ забележан во тешка состојба

пред 10 часа

Дејвид Хаселхоф, легендарниот актер од серијата „Чувари на плажата“, е виден во инвалидска количка среде тежок период од животот по смртта на поранешната сопруга.

Американскиот актер и пејач Дејвид Хаселхоф беше виден како во понеделникот се вози низ аеродромот во Канкун во Мексико додека тој и неговата сопруга се враќаа од одмор, набргу по трагичното самоубиство на неговата поранешна сопруга, американската актерка Памела Бах.

Според извор близок до актерот, Хаселхоф, најпознат по улогата на Мич Бјукенан во серијата од 1989 година, живее тешко. Подоцна истиот ден, тој беше виден како куца низ аеродромот во Калифорнија, придружуван од неговата сопруга, 45-годишниот велшки модел Хејли Робертс.

Актерот кренал палец додека се потпирал на сопругата. Фотографиите се направени неколку недели по самоубиството на Памела, кое, според изворите, длабоко ги потресе него и неговото семејство.

Извор близок до актерот изјави за Дејли Меил:

„Дејвид живее со позајмено време и имаше живот за кој многумина сонуваат, но со децении се бореше со алкохолизам и самолекување, за што денес длабоко жали“.

И покрај се, неговиот портпарол за британски Мирор изјавил дека Дејвид се чувствува добро и го очекува операција на коленото, поради што бил во инвалидска количка.

Бах почина на 5 март на 61-годишна возраст во нејзиниот дом во Холивуд Хилс од самонанесена прострелна рана.

Share
Scroll to Top