Ѕвезденото небо го осветли Крушево со најубава музика во чест на Тоше

Ѕвезденото небо го осветли Крушево со најубава музика во чест на Тоше

пред 1 година

Вчеравечер пред Спомен куќата на Тоше во Крушево фановите од цела Македонија и регионот, му оддадоа почит на поп-пејачот, кој пред 16 години загина на во Хрватска. На концертот пееја неговите пријатели Бојан Маровиќ, Фрајле, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Славица Ангелова, Мите Стоилов, Зоран Илиев и многу други. И насмевка и тага додека се слушаа стиховите на „Игри без граници“,  „Морска ѕвездо“, „Во коси да ти спијам“,„Излажи ме“….

Бојан Маровиќ, кој беше другар со Тоше и кој настапи на неговиот последен концерт, ја пееше безвременската  „Тајно моја“ , за за крај на концертот  сите учесници ја отпеаја  „Громови на душа“ кога заедно со публиката го направија и ѕвездено небо на Тоше.

 

Share
Scroll to Top