Јавноста е во шок, Безос го купува „Вог“ за сопругата?

Јавноста е во шок, Безос го купува „Вог“ за сопругата?

пред 12 часа

Ако треба да се верува на гласините, Џеф Безос планира да ја купи познатата компанија „Конде Наст“, која е сопственик и на списанието „Вог“.

Нема официјални информации, но јавноста веќе шпекулира дека Џеф Безос решил да и ја даде менаџерска позиција во „Вог“ на својата сакана Лорен Санчез, како „мал“ знак на благодарност или, подобро кажано, како свадбен подарок.

Во врска со тоа, можеби пензионирањето на Ана Винтур од уредничката позиција не е случајност, туку подготовка за нова ера во модната индустрија што ќе ја води поранешна новинарка, а сега новопечената г-ѓа Безос – Лорен Санчез Безос.

И вработените во модниот гигант „Конде Наст“ шпекулираат за потенцијална промена на сопственоста.

„Ова е единственото нешто за кое сите зборуваат“, вели еден инсајдер.

„Лорен не е типична ѕвезда на насловната страница на „Вог“ – па затоа сите веруваат дека тоа е дел од поголема стратегија. Некој се обидува да го омекне Безос и да го отвори патот за аквизиција.“

Иако Ана Винтур одлучи да ја предаде уредничката позиција на некој помлад од неа, таа сепак ја задржа својата позиција како глобален директор во „Конде Наст“.

Ова значи дека таа ќе ја задржи својата позиција како глобален уредник на списанијата на компанијата – Wired, Vanity Fair, GQ, Architectural Digest, Condé Nast Traveler, Glamour, Bon Appétit, Tatler, World of Interiors и Allure.

Вработените не се рамнодушни
Вработените во гореспоменатата компанија не се задоволни од потенцијалната промена на сопственоста.

„Ана беше последниот уредник во светот со толку голема моќ“, вели изворот.

„Сега кога сите редакции имаат глобални директори, нејзиното заминување се чини дека сигнализира дека е во тек нова фаза. И ако таа има удел во компанијата, како што се претпоставува, има многу што да се добие од евентуална продажба“, заклучува изворот.

Share
Scroll to Top