Југословенската актерка Гала Виденовиќ за животот во Малибу: Криев дека сум бремена на скара кај Стинг и на журките со „Депеш мод“

Југословенската актерка Гала Виденовиќ за животот во Малибу: Криев дека сум бремена на скара кај Стинг и на журките со „Депеш мод“

пред 2 години

Гала Виденовиќ со години важеше за една од најталентираните и најубави актери во поранешна Југославија. Кариерата ја почна во филмот „Мојот татко на одредено време“, се прослави како Весна во филмот „Јагоди во грло“, а најголемата популарност ја стекна со улогата на Наташа во филмот „Жикина династија“. Иако ѝ предвидуваа блескава кариера, таа се повлече од глумата. Во 1989 година се пресели во Америка и се посвети на семејството. Се омажи за режисерот Владимир Алексиќ и ги роди синовите Демијан и Павел.

„Живеам во Малибу, дел од Лос Анџелес каде живеат многу познати личности. Имам своја куќа под кирија во еден од кањоните. На врвот на ридот живееше Шон Пен. Од другата страна на улицата живееше Ед Харис. Во тоа време останав бремена, а тоа никој не го знаеше. Имав и многу работа, а мојот менаџер имаше систем како да те вклучи во некое друштво. Одиш кај Стинг на скара на плажа. Потоа на домашна забава кај момците од бендот ‘Депеш мод’. Во Малибу секој ден гледате еден куп филмски ѕвезди кои ви се соседи. Почнав да одам на аудиции, стомакот не ми се гледаше. Сфатив дека нема да можам да го кријам долго. И сè се случи во тие клучни шест месеци кога требаше да почне мојата кариера. Решив да се повлечам и не се јавував на телефон. Потоа го родив Дeмијан и решив да ставам крај на кариерата“, во една пригода изјави Гала за српскиот магазин „Неделник“.

Брзо по раѓањето на Дeмијан, таа го роди и синот Павел. За неа се знае само дека и понатаму живее во САД, но сопругот и децата ги крие од јавноста и речиси никогаш не објавува свои фотографии на социјалните мрежи.

Иако е повлечена, Гала од глумата не се откажа целосно. Таа во 2018 година во Србија ја сними серијата „Пет“, а се појави и во неколку епизоди од хумористичната серија „Андрија и Анѓелка“.

Share
Scroll to Top