Во општина Карпош вчера по претходна расправија, вработен бил нападнат со остар предмет, по што интервенирала и полицијата. Причината наводно бил љубовен триаголник па ова се претворило во вистинска драма, сосе физичка пресметка па дури и напад со остар предмет
Денеска градоначалникот Богоев рече дека не се работи за советници од Советот на Општина Карпош, туку вработени во администрацијата и дека инцидентот бил надвор од Општината.
Тој вели дека вработените веднаш добиле отказ поради своето однесување. Вработената е во одделение за поддршка на Советот, па можеби затоа некој помислил дека се работи за советници од општината“, вели Богоев.
И од МВР ја потврдија веста.
“ На 26 јули во 11.30 часот е пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во ГОБ “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот – соопштија вчера од МВР.
Додава дека и на двајцата вработени, вклучени во настанот, веднаш им се прекинати договорите.