Џенифер Анистон не сака да се дружи со антиваксери

Џенифер Анистон не сака да се дружи со антиваксери

пред 3 години

Холивудската глумица Џенифер Анистон во неодамнешното интервју за InStyle рече дека не сака повеќе да се дружи со нејзини пријатели кои не веруваат во вакцините против коронавирусот.

Таа ја нагласи важноста за вакцинацијата и вели дека јавно ќе продолжи да се залага за почитување на мерките против пандемијата.

„Се уште постои голема група луѓе кои се антиваксери или едноставно не ги слушаат фактите. Навистина е срамота“, рече актерката, која престанала да се дружи со неколку луѓе од нејзиниот круг на пријатели.

„Само што изгубив неколку луѓе со кои се гледав неделно, бидејќи одбиваа да се вакцинираат или не кажуваат дали се вакцинирале или не“, рече Анистон.

Глумица вели дека дека секој има право на свое мислење, но според неа, таквите мислења се создаваат благодарение на лажна пропаганда или страв.

„Чувствувам дека наша морална и професионална обврска е да ги информираме другите дали се имаме вакцинирано, бидејќи не можеме сите да се тестираме секој ден. И јас ги откачив некои од моите пријатели затоа што не се вакцинираа или не сакаа да ми кажат“, откри Анистон.

Share
Scroll to Top