Џенифер Лопез и Бен Афлек, наводно одлучиле да се разделат на одредено време, откако заедно беа на месен месец во Европа и тие веруваат дека овој потег ќе биде од нивна корист за долг век на врската, пренесува Холивуд Лајф.
Наводната причина, според медиумите, е зацврстување на нивната врска, а одлуката ја донеле за да не се изгуби магијата меѓу нив. Бидејќи нивните кариери ги принудуваат да поминуваат долго време сами, Лопез и Афлек решиле да се дистанцираат. Не сакаат да ја остават кариерата настрана поради љубовта и веруваат дека најдобрата опција е да се дистанцираат.
„Тие секогаш зборуваат, пишуваат пораки, на Facetime се кога се разделени и работат. Не е идеално. Но тие знаат дека го имаат целиот живот пред нив и уживаат во секоја минута од патувањето”, рекол извор близок на парот.
Бен и Џенифер се запознале во 2001 година на снимањето на Џигли. Следната година се верија, а а во 2004 година се разделија. Афлек тогаш беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кого има близнаци. Џенифер и Афлек минатата година ја обновија својата романса, а пред три недели се венчаа.