Џенифер Лопез првпат даде интервју откако е во љубов со Бен Афлек

пред 3 години

Џенифер Лопез даде првпат интервју откако ја започна обновена врска со 48-годишниот актер Бен Афлек, со кого беше свршена пред 17 години, а причина за интервјуто беше нејзиниот нов сингл ‘Cambia El Paso’.

„Пресреќна сум“, рече Лопез. „Знам дека луѓето секогаш прашуваат како сум, што се случува, дали сум добро, но јас никогаш не сум била подобра. Сакам моите луѓе кои се грижат за мене, затоа што се грижам подеднакво за нив, да знаат дека навистина достигнав место во мојот живот каде што се чувствувам одлично за себе. И мислам дека откако ќе стигнете на тоа место, почнуваат да ви се случуваат неверојатни работи што никогаш не сте претпоставувале дека може да се случат порано. Ја сакам целата љубов и сето добро што се случува во мојот живот во моментов и само сакам сите да знаат дека ова е најдоброто време во мојот живот “, изјави Лопез за Apple Music 1.

Како што обично се случува, светските sвезди не даваат толку лесно интервјуа. Причината за ова беше новиот сингл објавен од Џеј Ло. „Песната е за промена и за тоа да не се плашиме од нов чекор во животот. Тоа нè охрабрува да направиме чекор напред, да го сториме она што мислиме дека треба. Ако мислите дека нешто во вашиот живот не е како што треба, направете чекор назад и танцувајте. Животот е танц, радост и среќа“, додаде 51-годишната пејачка и актерка.

Таа откри и како сфатила во Доминиканската Република дека е време да сними нова песна и, а баш таму се случи вистинска драма околу раскинувањето вереник бејзбол играчот Алекс Родригез.

„Добро сум. Го сакам мојот живот во моментов, го сакам она што го работам, сакам таму каде што сум. Ја сакам личноста во која постојано се развивам. Тој вид на радост, тој вид на среќа секогаш ме инспирира. Мислам дека некои луѓе навистина се инспирираат кога ќе им се скрши срцето “, изјави Џенифер Лопез, која официјално раскина со Родригез пред нешто повеќе од два месеци.

Share
Scroll to Top