Глумецот Џејсон Мамоа (42) , живее во камп-возило и личи на бездомник откако објави дека се разведува од сопругата Лиса Боне (54), пишуваат американските медиуми. Медиумите објавија неколку фотографии на кои ѕвездата на „Аквамен“ делува запуштено и несредено, облечен во искината облека.
„Камп-возилото е паркирано во дворот на негов пријател во Лос Анџелес. Во близина е на куќата каде што живееја со Лиса, за да може да ги гледа децата. Но, не е среќен што се разведуваат“, рекол анонимен извор за таблоидите.
Мамоа, кој се прослави со „Чувари на плажата“, па глумеше и во „Игра на тронови“, поседува богатство од 14 милиони долари. Затоа јавноста е изненадена од неговиот лош изглед и новиот начин на живот.
За потсетување, Џејсон и Лиса се разведуваат по пет години брак. Тие беа заедно од 2005 година, се венчаа во октомври 2017 година на мала церемонија во Топанга, Калифорнија. Имаат две деца, 14-годишната ќерка Лола и 13-годишниот син Нако-Волф.