Џиновска дупка длабока 200 метри се отвори во Чиле

Џиновска дупка длабока 200 метри се отвори во Чиле

пред 2 години

Чилеанските власти истражуваат огромна дупка со дијаметар од 25 метри и длабока 200 метри, која ненадејно се отвори за време на викендот во рударска област во земјата.

dobivaj vesti na viber

Локалните медиуми објавија воздушни снимки од дупката лоцирана на имотот на компанијата „Лундин Мајнинг“, на околу 665 километри северно од главниот град Сантијаго. Националната служба за геологија и рударство дознала за дупката во саботата и веднаш испратила експерти на местото на настанот.

„Многу е длабоко, околу 200 метри. Не утврдивме што точно има на дното, но знаеме дека има многу вода“, вели директорот на службата Дејвид Монтенегро.

Целиот простор е затворен, а во близина на дупката има влез во рудникот „Алкапароса“. Од „Лундин мининг“ наведуваат дека дупката не претставува опасност по животот на вработените и не влијае на нивните активности, но дека тие го изолирале просторот околу неа и пријавиле до надлежните служби. Од компанијата велат дека се врши техничка анализа за утврдување на причината.

Најблиските домови се оддалечени околу 600 метри, а првото населено место е на повеќе од еден километар од зоната на дупката.

Share
Scroll to Top