Џоковиќ го победи Кирјос и го освои седмиот трофеј на Вимблдон

Џоковиќ го победи Кирјос и го освои седмиот трофеј на Вимблдон

пред 2 години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Ник Кирјос и по седми пат во кариерата го освои Вимблдон.

dobivaj vesti na viber

Првиот носител на турнирот го совлада Австралиецот по четири сета и повеќе од три часа игра. Со триумфот во своето осмо финале на Вимблдон, Новак стигна до својата 21. Грен слем титула и со тоа уште еднаш му се придружи на Рафаел Надал на вечната листа.

Исто така, српскиот ас се израмни со Пит Сампрас по бројот на трофеи на терените на Ол-Ингланд клубот, во кој рекордер е Роџер Федерер со осум пехари. Ѓоковиќ до трофејот во храмот на тенисот стигна победувајќи ги Сунва Квон, Танаси Кокинакис, Миомир Кецмановиќ, Тимо ван Рајтховен, Јаник Синер, Камерон Нори и Ник Кирјос. 

Share
Scroll to Top