Џон Ленон ги растури „Битлси“, а не јас-тврди Пол Макартни педесет години по распаѓањето на легендарниот бенд 

Џон Ленон ги растури „Битлси“, а не јас-тврди Пол Макартни педесет години по распаѓањето на легендарниот бенд 

пред 3 години

Педесет години по распаѓањето на легендарните „Битлси“, Пол Макартни вели дека Џон Ленон прв си заминал и го растурил бендот. Макартни во интервју за радио Би-би-си вели дека половина век молчел за обвинувањата од фановите дека тој ги уништил „Битлси“ во 1970 година, но дека вистината е поинаква.

„Еден ден Џон влезе во собата каде што беше и остатокот од бендот и ни рече ‘ги напуштам Битлси’, па додаде дека е многу возбуден и дека се чувствува како да се разведува“, вели Макартни во интервјуто. Тој додава дека тоа бил најтешкиот период од неговиот живот дотогаш.

Макартни верува дека Ленон ги напуштил зашто сакал да почне нов живот со неговата тогашна сопруга Јоко Оно и да се ослободи од ограничувањата што го спречувале додека свирел во „Битлси“.

Бендот официјално се распадна на 10 април 1970 година, кога на прес конференција Џон Ленон, Џорџ Бест, Ринго Стар и Пол Макартни објавија дека веќе нема да свират заедно. Групата престанала да постои неколку месеци порано, но поради неколкуте преостанати договори и обврски, по совет на менаџерот Алан Клајн, тие криеле од јавноста дека веќе нема да свират заедно.

Share
Scroll to Top